мај 3, 2026

Мануел Аканџи пристигна во Милано, но не во неговиот црвено-црн дел. Градскиот ривал на Милан, Интер успеа да го обезбеди потписот на швајцарскиот репрезентативец.

Аканџи пристигна во светската престолнина на модата на едногодишна позајмица, за која „нераѕурите“ издвоија 1.000.000 евра. Доколку одигра барем половина од натпреварите или Интер го освои Скудетото, ќе се активира задолжителната опција за откуп за 15.000.000 евра.

Репрезентативецот на Швајцарија одигра 138 натпревари за Манчестер сити во текот на три години, со пет гола и три асистенции.

Foto/ EPA

Share

The post Интер успеа на Милан да му го „украде“ Аканџи appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK