мај 3, 2026

Сите што сме најмалку една година во општина Аеродром го знаеме жариштето на проблемот со загадениот воздух, а тоа е Вардариште, вели еден од граѓаните кои денес излегоа на протестот во кој сакаа да ја блокираат раскрсницата помеѓу булеварите Асном и Србија.

Како што тој вели тоа е канцер и бараат надлежните институции без обвинувања едни на други да си ја превземат одговорноста и да го казнат виновникот.

Ситуацијата со чадот и загадениот воздух ја опишаа како неподнослива и како канцер.

За утре е закажан нов протест во 18 часот повторно на истото место во паркчето на Авионче кај Ново Лисиче, а како што велат жителите тие ќе се собираат секој ден додека не се реши проблемот и додека не видат да се превземаат конкретни мерки како што им било ветено денес.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK