мај 3, 2026

Ајмерик Лапорт, по осум години, сње врати во Атлетик Билбао, но ситуацијата со трансферот се искомплицира.

Дефанзивецот потпиша тригодишен договор со баскискиот клуб, но Ал Наср задоцни со документацијата, па трансферот не помина навреме низ TМС.

ФИФА и ФФ на Шпанија сега ја разгледуваат документацијата и ги бараат причините за доцнењето на клубот од Саудиска Арабија.

Трансферот на францускиот фудбалер со шпански пасош сега официјално пропадна, но тој се надева дека ФИФА ќе пронајде грешка и последователно ќе ја прифати неговата регистрација.

Не е јасно зошто Ал Наср доцнеле со документацијата, јасно е само дека клубот од Саудиска Арабија направил огромна грешка.

Слична ситуација се случи и со Давид Де Хеа, чиј трансфер од Манчестер јунајтед во Реал Мадрид пропадна во 2015 година поради доцнење со документацијата.

Foto/ EPA

Share

The post Ал Наср доцна ги доставилe документите, пропадна трансферот на Лапорт во Атлетик Билбао appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK