септември 21, 2024

Осма последователна победа на Манчестер jунајтед во сите натпреварувања, a петта во Премиер лигата денеска остварена во градското дерби против Манчестер сити (2:1).

Кевин де Брујне нафрли од левата страна во 60 минута, а Џек Грилиш, кој штотуку влезе во игра, со глава го совлада Де Хеа за водство на „граѓаните“ од 0:1. Се чинеше дека Јунајтед е во шок, Ерик тен Хаг го освежи тимот со брзи крила, Антони влезе на полувремето, по 0:1 и Гарначо, а домаќинот ги дочека своите пет минути слава откако постигна два гола за целосен пресврт.

Бруно Фернандеш погоди во 78 минута по додавањето на Касемирo и паметната одлука на Рашфорд, кој не ја допре топката бидејќи беше во офсајд, за 1:1. Збунет беше и помошниот судија, го подигна знаменцето за офсајд, но по консултација со главниот судија ја поправи одлуката.

Во 82 минута Гарначо нафрли од левата страна, а Маркус Рашфорд од петерецот им донесе голема радост на домашните навивачи на „Олд Трафорд“. Рашфорд постигна гол во седмиот последователен натпревар за Јунајтед во сите натпреварувања, последен пат Кристијано Роналдо го направи тоа пред 15 години.

Големата победа на Манчестер јунајтед, најавата за излез од долгогодишната криза, се чини дека Холанѓанецот Ерик тен Хаг е на добар пат да го опорави гигантот кој долги години е без трофеј.

Сити не игра добро во последно време, не победува во серија како што навикнаа навивачите, во средата беа елиминирани од Лига купот од Саутемптон. Составот на Пеп Гвардиола игра доста променливо на последните пет премиерлигашки мечеви. На табелата Арсенал има 44 бодови и има шанса в недела да ја зголеми предноста во однос на второпласираниот Манчестер сити (39), додека Манчестер јунајтед е на третата позиција со 38 бодови.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK