Во средата (11.01.2023) излегол да прошета и оттогаш нема ни трага ни глас од 47-годишниот Ристе Бочвароски.
Неговите пријатели велат дека станува збор за семеен човек, сопруг и татко на две деца кој немал никакви здравствени проблеми.
Сопругата пријавила во полиција, а во меѓувреме по него трагаат пријателите, но велат дека изгледа како да пропаднал во земја. Бочвароски со себе не зел ниту пари, ниту пак мобилниот телефон.
Блиските велат дека последен пат е виден во средата во 13 часот во Лисиче. Бочвароски бил облечен во сиви тренерки и црна јакна, како на фотографијата. Ги замолуваат сите сограѓани доколку имаат каква било информација да се јават на некои од следните телефони: 070 838-030 или 075 274 706.
The post Исчезна скопјанец, семејството бара помош appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде