септември 21, 2024

Принцот Хари тврди дека имал доволно материјал за да објави две книги, но дека некои работи намерно не ги вклучил во своите неодамна објавени мемоари бидејќи татко му и брат му никогаш немале да му простат.

Во интервјуто за „Дејли Телеграф“, дадено само неколку дена по објавувањето на неговата книга насловена како „Резревен“, Војводата од Сасекс вели дека не се обидува да ја сруши монархијата, туку дека се обидува кралското семејство да го спаси од самото себе.

Принцот Хари тврди дека има информации кои не ги открил во книгата и кои нема шанси да бидат вклучени во некој иден текст.

Според него невозможно е да ја раскаже својата приказна без членовите на неговото семејство „бидејќи тие играле толку клучна улога“.

„Има некои работи што се случија, особено меѓу мене и брат ми, и до одреден степен меѓу мене и татко ми, кои едноставно не сакам светот да ги знае. Затоа што мислам дека тие никогаш нема да ми простат”, изјави Хари.

Тој е подготвен да му прости на своето семејство, но само под неколку услови.

„Подготвен сум да простам за сè што сте направиле и посакувам да седнете со мене, правилно, и наместо да кажете дека сум во заблуда и параноичен, всушност да имате соодветен разговор за оваа ситуација. И извинување до мојата сопруга“, изјави Војводата од Сасекс.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK