септември 21, 2024

„Подготвени сме да ги нормализираме дипломатските односи. Но, Саудиска Арабија сè уште не е подготвена за нормализирање на односите со Иран“, рече шефот на иранската дипломатија

Министерот за надворешни работи на Иран, Хусеин Емир Абдулахијан, истакна дека неговата земја е подготвена за нормализирање на дипломатските односи со Саудиска Арабија, но тврди дека администрацијата на Ријад сè уште не е подготвена за тоа.

Абдулахијан даде изјава за медиумите по неговите средби во рамки на посетата на либанскиот главен град Бејрут.

Тој се осврна на преговорите одржани во ирачкиот главен град Багдад за повторно воспоставување на дипломатксите односи меѓу неговата земја и Саудиска Арабија.

„Досега во Багдад одржавме 5 средби со Саудиска Арабија. Подготвени сме да ги нормализираме дипломатските односи“, рече тој.

„Постигнат е напредок во преговорите што Техеран ги одржува со Ријад во Багдад. Но, Саудиска Арабија сè уште не е подготвена за нормализирање на односите со Иран“, додаде Абдулахијан.

Шефот на иранската дипломатија нагласи дека на преговорите во Багдад не се разговара само за билатералните односи, туку и за безбедносните прашања меѓу Техеран и Ријад.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK