мај 2, 2026

Џанлуиџи Донарума се пресели од ПСЖ во Манчестер сити во финишот на преодниот рок. Дебито треба да г има против Манчестер јунајтед, дербито е в недела.

Италијанскиот голман не можеше да најде заеднички јазик со Парижаните во врска со продолжувањето на договорот и се пресели во Премиер лигата. Донарума би можел да биде на голот на Сити во недела во 17:30 часот против Манчестер јунајтед, а по потпишувањето рече:

„Да бидеш трениран од некој како Пеп Гвардиола е најдоброто нешто што може да му се случи на еден фудбалер. Тој сакаше да дојдам. Горд сум на тоа“, рече Донарума.

Донарума ја започна својата кариера на многу млада возраст, на 16 години стоеше на голот на Милан, пред да се пресели во ПСЖ во 2021 година. Таму остана четири години и ова лето потпиша за Манчестер сити во трансфер вреден 30 милиони евра.

Share

The post Донарума: Најдобро што може да му се случи на еден фудбалер е да го тренира Гвардиола appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK