октомври 5, 2024

Актуелниот калчо-лидер Наполи го пониши Јувентус како никој досега во последните три децении, а македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас со својот петти сезонски гол во Серија А, го запечати најтешкиот пораз на „старата дама“ уште од 1993 година, после триумфот на наполитанците со 5-1 во големото дерби од 18-то коло.

Елмас во 72-та минута од мечот, откако на полувреме влезе во игра, го даде петтиот гол за Наполи за да ја завери победата и Јувентус првпат после 1993 година и мечот со Пескара, никогаш до сега немаше примено пет гола на еден меч во Калчото. За Елмас ова е петти гол сезонава, а втор по ред, откако даде и од пенал изминатиот викенд на гостувањето кај Сампдорија во триумфот со 2-0.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK