април 23, 2026

Чадењето од депонијата „Дрисла“, присутна по пожарот што избувна пред неколку дена е значително намалено, информираше вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

– Изработен е дополнителен земјен пат со кој е отсечен ѕидот на депонијата од заезерената површина со отпадни води полни со запаливи гасови, која сеуште чади но во неспоредливо помал обем во однос на првиот ден, вели Ангелов во пишана изјава.

Најавува дека затрупувањето продолжува и утре, а преостаната е помалку од третина од почетно опожарената површина.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK