април 21, 2026

Денис Шедер, моторот на германската репрезентација и ја донесе на својата земја втората европска титулата во историјата. Германија, синоќа во Рига, успеа да ги обедини светската и европската титула. Во 2023 година во Манила, Германија предводена од Шредер стана светски првак.

Во драматично финале, Германија успеа да ја победи Турција со 88:83. До златото ги предводеше Шредер, кој постигна 16 поени и 12 асистенции. Шест од 16 поени постигна во последната минута. Голема помош доби од Исак Бонга (20 поени), кој беше прогласен за МВП на финалето.

Шредер на крајот од рацете на шпанската легенда, Хорхе Гарбахоса, ја доби наградата МВП, за најдобар играч на првенството. Оваа награда, Шредер ја доби и на Светското првенство во Манила.

Капитенот на Германија стана седмиот играч во историјата кој успеа да ги обедини овие две награди.

Претходно тоа им успеало на Дражен Далипагиќ, Сергеј Белов, Тони Кукоч, Дражен Петровиќ, Дирк Новицки и Пау Гасол.

Foto/ EPA

Share

The post Шредер во одбрано друштво appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK