Формула 1 и ФИА ги објавија имињата на шест локации каде што ќе се одржат спринт трки во 2026 година.
За прв пат, спринт трките ќе се одржат во Монтреал, Зандворт и Сингапур, а тука се и Шангај, Мајами и Силверстоун.
Првата спринт трка ќе биде на Големата награда на Кина, која се одржува од 13 до 15 март, а потоа се сели во Северна Америка (Мајами и Монтреал).
Европските спринт патеки се британскиот Силверстоун и холандскиот Зандворт, а последната спринт трка ќе се вози во Сингапур.
Ова се датумите и локациите на спринтерските трки за новата сезона:
Шангај, Кина: (13-15 март 2026 година)
Мајами, САД: (1-3 мај)
Монтреал, Канада (22-24 мај)
Силверстоун, Велика Британија (3-5 јули)
Зандворт, Холандија (21-23 август)
Марина Беј, Сингапур (9-11 октомври).
Новата сезона во Ф1 започнува на 6 март во Австралија и завршува на 6 декември во Абу Даби. Ќе се одржат вкупно 24 трки.
The post Познати се локациите на шесте спринт трки во новата сезона во Ф1 appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
