април 25, 2026

Две лица од Струга и Велешта се приведени под сомнение за обид за убиство, информираше Министерството за внатрешни работи.

Според соопштението, на 16 септември околу 23 часот, полициските службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода А.К. (29) од Струга, а следниот ден, на 17 септември околу 11 часот, бил приведен и Л.К. (34) од струшкото село Велешта.

Двајцата осомничени претходно, на улица „ЈНА“ во Струга, со метални предмети ги нападнале Б.А. (52) и 17-годишно момче од дебарското село Џепиште. При нападот, Л.К. испукал неколку куршуми од огнено оружје кон постариот маж, по што успеал да избега од местото на настанот.

Против осомничените е поднесена постапка за кривично дело „убиство“ во обид, по член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK