Голф теренот во Охрид, кој е прв и единствен во земјава, го стави градот на мапата на туристички дестинации за љубителите на голфот од сите страни на светот. Покрај тоа што е атрактивна туристичка понуда, теренот со пропратните објекти и содржини претставува рекреативен центар за локалната заедница, а се повеќе се користи и како одлично и уникатно место за дружење и активност на отворено преку комбинација на голфот со тим билдинг, забави и социјални настани.

Tvm

