Црв од шест сантиметри е отстранет од постар пациент, а фотографијата ја објави познат доктор од Бања Лука, Бојан Козомара.
„Вака изгледа црв штотуку отстранет од очниот капак на постар пациент. Постапката ја изврши мојата драга колешка Тамара“, напиша тој на X.
Според него, црвот најверојатно потекнува од куче.
„Ќе го помилувате кучето кое има јајца од глисти, а потоа ќе се фатите за окото“, напиша тој во коментар објаснувајќи ја ситуацијата, објавува „Nezavisne.com“.
Фото: принтскрин
The post Црв од шест сантиметри отстранет од очниот капак на пациент во БиХ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
