јули 3, 2024

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека во денешните руски ракетни напади биле погодени објектите на електроенергетската инфраструктура, што предизвикало нови прекини во снабдувањето со електрична енергија, особено во регионите на Киев и Харков.

-„За жал, електричната и енергетската инфраструктура денеска беше погодена од ракети. Најтешката е ситуацијата во регионите Харков и Киев“, рече Зеленски во своето видео обраќање.

Зеленски рече дека руските напади врз цивили можат да бидат запрени само доколку западните партнери и го испорачаат потребното оружје на Украина.

„Што ни е потребно? Ни треба оружјето што се наоѓа во магацините на нашите партнери, а нашите војници го чекаат. Целиот свет знае што и како да ги спречи оние кои сеат омраза и убиваат невини луѓе. Им благодарам на сите оние кои ни помагаат да излезиме од оваа ситуација “, рече Зеленски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK