мај 1, 2026

Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека започна изградбата на Домот за стари лица во Општина Зрновци.

„И од мое име би сакал да честитам на инвеститорот што се одлучува да инвестира во еден ваков објект овде во Општина Зрновци, којшто е прв ваков објект, практично тие се пионери во Источна Македонија и мислам дека ова што тие денес го започнуваат ќе додаде вредност во квалитетот на животот на жителите во овие општини и генерално во Источна Македонија. Но, она коешто исто така сакам да го споменам е дека кога прв пат разговаравме на оваа тема со инвеститорите тие ме запознаа дека во минатото постоела слична ваква иницијатива, но за жал поради објективни, но и субјективни причини оваа инвестиција не била реализирана. Се потрудивме и како Влада и градоначалникот, како Општина Зрновци да сториме што е во наша моќ, нормално и во наши ингеренции да помогнеме тој процес да се забрза и денес да се радуваме на овој преубав ден, раѓањето на Пресвета Богородица да се создаде едно раѓање на еден нов објект којшто ќе значи долг живот за сите оние коишто ќе ги користат услугите на овој објект“, вели премиерот.

Тој се заблагодари на инвеститорот што решил парите да го вложи во оваа општина.

The post Премиерот Мицкоски со лопата во раце: Започна изградба на Дом за стари лица во Општина Зрновци appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK