мај 1, 2026

Фудбалерите на Барселона го затворија 5-то коло од шпанската Ла Лига со победа од 3:0 (2:0) над Хетафе.

Херој на победата беше Феран Торес, кој го трасираше патот на Барса до победата со два гола во првото полувреме.

Прво постигна гол во 15-та минута, а потоа и во 34-та минута, по што сè беше решено во раната фаза.

Во второто полувреме, Дани Олмо само стави точка на победата со прекрасен гол во 62-та минута.

Барса се врати на второто место со 13 бода.

Хетафе остана на осмото место со девет бода на своето конто.

Share

The post (Видео) Барселона без мака го победи Хетафе appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK