мај 1, 2026

Владата донесе одлука за модернизација на здравствениот возен парк преку набавка на 100 нови амбулантни возила во наредните две години. Одговорноста за спроведување на постапката е доверена на Министерството за здравство, а плаќањето ќе биде организирано со рок од пет години.

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, соопшти дека во 2026 година ќе бидат обезбедени околу 80 возила, а преостанатите 20 ќе пристигнат во 2027 година.

„Со оваа набавка правиме значаен исчекор во обновувањето на возниот парк. Фокусот е ставен на функционалноста и неопходноста, а не на луксузот“, изјави Томовски во дневникот на ТВ Сител.

Тој најави и дека, покрај амбулантните возила, во план е и набавка на нови противпожарни возила, со што ќе се унапредат условите за работа на надлежните служби.

The post Во следните две години, Владата ќе набави 100 нови амбулантни возила appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK