мај 1, 2026

Безмалку три години не се знае судбината на неготинецот Коце Панов (80), кој излегол од својот дом рано наутро и повеќе не се вратил. Тој исчезнал на 27-ми ноември 2022 година, во утринските часови, по што му се губи траг.

vikimedia
Македонија
Речиси три години не е решена мистеријата со неготинецот Панов!
13/09/20252 Mins Read

Безмалку три години не се знае судбината на неготинецот Коце Панов (80), кој излегол од својот дом рано наутро и повеќе не се вратил. Тој исчезнал на 27-ми ноември 2022 година, во утринските часови, по што му се губи траг.

Во општината тој и младиот Миле Тодоров (28), чија судбина не се знае од 30-ти јануари годинава, се единствените лица кои се водат како исчезнати подолг период. Во минатото, кога се случувало некој да биде пријавен како исчезнат, случаите се решавале за кратко време, односно или истиот ден, или пак за неколку недели.
Сите лица, пријавени за исчезнати беа пронаоѓани во добра состојба, освен во еден случај од 2009 година, кога пензионер по кого се трагаше неколку недели беше пронајден мртов, завиткан во тепих и фрлен во областа Куријски пат. Два дена по пронаоѓањето на телото беше откриен и приведен убиецот.
Токму поради тоа што се работи за мало место, каде речиси сите меѓусебно се знаат, а градот е покриен и со бројни камери за видео надзор, неготинци се прашуваат како досега не се пронајде исчезнатиот Коце.

Вики.Мк

The post Речиси три години не е решена мистеријата со неготинецот Панов! appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK