април 30, 2026

Трофејот „Јохан Кројф“, кој се доделува на најдобрите тренери во машка и женска конкуренција, на вечерашната церемонија во Париз го освоија Луис Енрике (Пари Сен Жермен) и Сарина Вигман.

Покрај Енрике, номинирани беа и Ханси Флик, Енцо Мареска, Арне Слот и Антонио Конте, но како што се очекуваше, наградата му припадна на европскиот шампион. Покрај титулата во Лигата на шампионите, Енрике со ПАЖ ги освои првенството и Купот на Франција.

Инаку, тој се обрати преку видео порака, која претходно беше симена, бидејќи го предводи својот тим вечерва на „Мелодром“ во Марсеј, во најголемото дерби на францускиот фудбал.

Сара Вигман е од Холандија, а од 2021 година е на клупата на репрезентацијата на Англија.

Share

The post (Видео) Луис Енрике е најдобриот тренер во светот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK