април 30, 2026

Советничката во Општина Карпош, Татјана Стојановска од советничката група „Независни за Карпош“, јавно побара награда за комуналниот работник Бобан, кој, според неа, е пример за вредност и посветеност на работното место.

„Ова е Бобан. Вработен е како комунален работник во општина Карпош. Никогаш не сум го видела да седи и да губи време, а пауза зема само за да јаде. Својата работа ја извршува совесно, а често и повеќе од тоа што му е зададено. Оваа фотографија е од една градска улица, кај контејнерите“, напиша Стојановска на социјалните мрежи.

Таа додава дека претходно се обидела да издејствува награда за него, но само усно, и најави дека повторно ќе го покрене прашањето на последната седница на Советот во четврток.

„Би сакала да имаше повеќе како Бобан во нашата општина“, порача советничката. – Скопје1.мк

The post „Сите зборуваат за Боби од Карпош- комуналецот кој заслужува награда” appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK