април 30, 2026

Демократската унија за интеграција ја изразува најдлабоката индигнација за скандалозната одлука за новите полициски униформи да бидат само на македонски јазик. Овој чин претставува флагрантно кршење на принципите на Охридскиот договор и на Законот за употреба на јазиците, кој гарантира еднаквост и двојазичност во државните институции, особено на полициските униформи, се наведува во соопштението од ДУИ.

Ова не е изолиран случај, туку континуитет на дискриминаторската политика на ВМРО-ДПМНЕ, која веќе има иницирано во Уставниот суд укинување на албанскиот јазик како службен. Она што ја прави оваа одлука уште поскандалозна е сервилното молчење на албанските партии на власт, кои прифатиле да бидат вазали на антиалбанските политики, газејќи го достоинството и правата на Албанците за ниски политички интереси.

Еднојазичните униформи не се само облека. Тие се симбол на идентитетот на државата, на еднаквоста и на почитта. Кога законот бара двојазичност, а Владата наметнува еднојазичност, тоа е доказ за изгубениот политички суверенитет на албанските партии кои денес се огледало на интересите на ВМРО.

ДУИ јасно порачува: Албанците нема да прифатат вакви понижувања. Законот е јасен, во општините каде Албанците се најмалку 20%, секоја државна институција е обврзана да ги користи службените јазици, вклучувајќи ги униформите и јавната комуникација.

The post ДУИ: Еднојазичните униформи на полицајците не се само облека appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK