април 30, 2026

Роберто Мартинез, селекторот на Португалија, бил ограбен минатата сабота, објавија локалните медиуми.

Имено, крадци го скршиле прозорецот и влегле низ кујната, а украле часовници и накит во вредност од над милион евра.

Според истиот извор, никој не е повреден, а инцидентот се случил на периферијата на Лисабон, каде што живее Мартинез. За среќа, тој не бил дома во тоа време, а сè го открил чистачот.

Мартинез се подготвува за претстојните квалификациски натпревари, каде што Португалија ќе се соочи со Република Ирска и Унгарија.

Мартинез ја презеде функцијата селектор на Португалија во јануари 2023 година.

Foto/ EPA

Share

The post Ограбен селекторот на Португалија, штетата е милионска appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK