април 30, 2026

Пејачката Оливија Родриго веќе го прифати еден од најконтроверзните модни трендови од почетокот на 2000-тите – фармерки со низок струк, кои буквално беа мразени од многумина.

Таа јасно го одобри враќањето на овој моден предмет што некои жени со задоволство го носеа, но повеќето од нив категорично го отфрлија. Фармерките со низок струк бараат рамен стомак, пред сè, а се и показател за многу недостатоци на женското тело.

Оливија објави серија фотографии на Инстаграм, а на една позира во токму такви фармерки кои ги искомбинира со кратка блуза со лелеави ракави и процепи што го откриваат деколтето.

Не се само фармерките тие што докажуваат дека е среќна што се враќа во 2000-тите, бидејќи носи и дебела нараквица која беше исклучително популарна во тоа време, а со чантата во боја на леопард, таа создаде совршена мешавина од модерен и носталгичен стил.

фото: принтскрин

Share

The post (Фото) Назад во 2000-тите: пејачката веќе го носи ова парче облека, а на жените навистина не им се допаѓа appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK