Франција стравува дека може да дојде до нереди и судири меѓу навивачите по полуфиналниот натпревар на Светското првенство во Катар меѓу Франција и Мароко.
Министерот за полиција Џералд Дарманен најави дека прославата на победничкиот тим по натпреварот ќе ја обезбедуваат десет илјади полицајци низ целата земја, од кои пет илјади ќе бидат распоредени во Париз.
На Елисејските полиња ќе има 1.200 припадници на жандармеријата.
За сообраќај ќе биде затворен дел од обиколницата околу Париз што води до Шанзелизе, како и неколку станици на градската и приградската железница во Париз.
Во Франција официјално живеат повеќе од 800 илјади Мароканци, а се проценува дека ги има околу 1,3 милиони.
Тие веќе ги прославија победите на својот тим на улиците во Париз и другите градови во Франција, а во неколку наврати имаше и судири со полицијата. Властите оправдано стравуваат за безбедноста, особено сега кога Франција и Мароко се борат во директен дуел за финалето.
Следете не, не има насекаде