„Пулс“ – трагедија од оган или злосторство од негрижа, корупција и молк
.
Гледајте ја ексклузивната видео сторија за пожарот во Кочани на нашиот Јутјуб канал и веб страницата на ИРЛ. Ова не е само приказна за пожарот што го погоди ноќниот клуб „Пулс“, туку и за системските пропусти што ја направија трагедијата неизбежна.
Зошто е неизбежно ова да ни се случи пак? „Пулс“ не е трагедија родена од оган, туку злосторство од негрижа, корупција и молк.
Низ досега необјавени снимки, документи и сведоштва, ова видео не го прикажува само ужасот од ноќта на масовната загуба и трагедијата што ги погоди младите животи во Кочани, туку открива како делувале оние кои требаше да нè заштитат – инспектори, обвинители и политичари.
Дрнес колегите од ИРЛ го објавувија 20-минутно видео истражување со ексклузивни материјали кои носат горко освестување дека Македонија е речиси мртва држава.
Ќе кажат: „Вие се мешате во избори.“
Ние велиме: „Ова не е политика. Ова е новинарство.“
Новинарството никогаш не смее да чека „подобро време“. Објавувањето на вакви стории токму сега е единствената можност да се осигураме дека реалноста на обичните луѓе и нивните проблеми ќе влезе во јавната дебата.
Ова истражување е повик за одговорност и за внимание кон системот што го штити и го загрозува животот на граѓаните. Следете го видеото и информирајте се за сите аспекти на трагедијата „Пулс“.
Видео ТУКА
The post Објавено видео истражување за „Пулс” – злосторство од негрижа, корупција и Молк appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде
