Војната на Путин ќе биде неуспешна од две главни причини – поради огромната храброст на Украинците и поради извонредното единство на меѓународната заедница, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен пред Европскиот парламент.
„Не е време за трговска војна со нашите најблиски партнери, мора да ги здружиме силите со нив за поддршка на Украина“, повика таа.
Фон дер Лајен рече дека ЕУ е обезбедена со енергенси за оваа зима, но оти цените растат. Таа истакна дека од почетокот на војната Русија ги намалила испораките на гас за Европа за 80 отсто.
Според неа, Русија се обидела, но не успеала да ја уценува ЕУ со снабдување со енергија.
Следете не, не има насекаде