април 29, 2026

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, беше казнет со пет секунди на трката за Големата награда на Сингапур во Формула 1. Седумктатниот првак доби казна бидејќи неколку пати визеше надвор од патеката.

Хамилтон во Сингапур го освои седмото место, но поради казната заврши на осомото, а седми е Фернандо Алонсо.

Во финишот на трката Хамилтон имаше предност од 4 секунди во однос на осмиот Фернандо Алонсо од Астон Мартин, но сопирачките на автомобилот на Ферари откажаа, па тој пресече неколку кривини и ја напушти патеката на патот кон целта.

Седумкратниот светски шампион ја заврши трката на седмото место со четири десетинки предност, но со казната падна на осмото место.

Шампионатот продолжува за две недели, со Големата награда на САД на 19 октомври, во Остин, Тексас.

Share

The post ФИА го казни Хамилтон, Британецот остана без седмото место во Сингапур appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK