април 29, 2026

Возачот на Априлија, Хорхе Мартин, започна нова етапа во својата борба со повредата, која ја заработи на неодамнешниот спринт во Јапонија кога ја скрши клучната коска по падот во првата кривина.

Светскиот првак со Прамак во 2024 година, ќе ги помине следните неколку дена рехабилитациски во спортскиот центар „Ред Бул“ во Австрија, каде што ќе се обиде да го забрза закрепнувањето по страшната несреќа што се случи минатата недела.

Центарот во Салцбург со години се смета за едно од најмодерните места за рехабилитација на професионалниспортисти и токму таму Мартин ќе бара излез од најтешката сезона во неговата кариера.

Според првичните прогнози, тој ќе биде надвор од патеките најмалку две недели. По пропуштената трка во Индонезија, Шпанецот нема да биде во конкуренција за трката во Австралија, додека реално е да се врати за Големата награда на Малезија, која се одржува од 24 до 25 октомври.

Секако, сè ќе зависи од неговото закрепнување во Салцбург, а доколку работите се искомплицираат, враќањето би можело да се одложи до последните две трки од шампионатот – Португалија и Валенсија.

Дотогаш, Априлија ќе се потпира на услугите на тест-возачот Лоренцо Савадори.

Share

The post (Видео) Хорхе Мартин продолжува со закрепнувањето во Центарот за рехабилитација на Ред Бул appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK