април 28, 2026

Деветкратниот светски шампион Марк Маркез ќе ги пропушти претстојните трки во Австралија и Малезија поради фрактура на клучна коска. Постариот од браќата Маркез се повреди на трката за Големата награда на Индонезија, кога во првиот круг од патеката го исфрли возачот на Априлија, Марко Бецеки.

На Шпанецот веднаш му беше дијагностицирана фрактура, но во таа прилика беше нагласено дека повеќе ќе се знае кога ќе пристигне во Мадрид и ќе изврши подетални прегледи.

Прегледите во главниот град на Шпанија, покажале дека има фрактура во основата на коракоидниот процес на клучната коска и повреда на лигаментот на рамото. Инаку, новата фрактура нема никаква врска со претходните повреди што ги имаше Шпанецот.

Лекарите кои се грижат за состојбата на Маркез се одлучија за конзервативен пристап кон закрепнувањето, што вклучува одмор и мобилизација на повреденото рамо додека повредата не заздрави, што значи дека новиот шампион сигурно нема да вози во Австралија и Малезија.

Во отсуство на Маркез, се очекува во следните две трки да вози тест-возачот на италијанскиот тим, Микеле Пиро.

Шампионатот во Мото ГП продолжува со Големата награда на Австралија на патеката „Филип Ајленд“ од 17 до 19 октомври.

Share

The post Познато е колку долго ќе отсуствува Маркез appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK