април 28, 2026

Еден од капитените на Барселона, Френки де Јонг, го крена гласот против одлуката натпревар од Ла Лига да се игра на американска почва.

Како што е познато, УЕФА и Ла Лига конечно се согласија оваа недела и официјално објавија дека Виљареал и Барселона ќе играат натпревар на стадионот „Хард Рок“ во Мајами на 20 декември.

Де Јонг смета дека таквата одлука е неприфатлива.

„Не ми се допаѓа што ќе играме таму и не се согласувам со таквата одлука. Едноставно, не е фер за натпреварувањето. Ќе гостуваме на неутрален терен. Не е во ред и мислам дека не е добро за играчите. Разбирам дека клубовите добиваат пари за тоа, но не е фер“, рече Де Јонг.

Share

The post Де Јонг: Не ми се допаѓа што треба да играме во Мајами appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK