април 28, 2026

По успехот на нивниот последен сингл „Некажано“, кој излезе пред само два месеци, поп-дуото Дупер повторно ни носи уште една нова, енергична песна која ја поврзува модерната сцена со едно од најемотивните музички наследства на нашето детство – „Супер ѕвезда“.

Новата песна „Дупер ѕвезда“ зборува за желбата да успееш и да се докажеш, но притоа да останеш приземен и свој во процесот. Приказната е раскажана со онаа нивна препознатлива комбинација на самодоверба, сомнеж и доза хумор.

И визуелно и музички, „Дупер ѕвезда“ се држи до минимализмот. Чист звук и јасна порака. Овојпат без класичен спот, туку со впечатлива и динамична видео-анимација.

Песната е достапна на YouTube и останатите дигитални платформи.

Share

The post (Видео) Дупер ја оживуваат магијата на „Супер ѕвезда“ во новата песна appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK