април 27, 2026

Фудбалерите на Зеленортските острови го победија Есватини со 3:0 и се квалификуваа за Светското првенство во 2026 година.

Оваа репрезентација ќе учествува на Светското првенство за прв пат во историјата. Оваа нација брои околу 550.000 жители, испиша историја бидејќи според површината е најмалата држава што некогаш играла на Мундијал.

Без никакви проблеми, Зеленорстдките островија потврдија улогата на фаворит во овој натпревар и обезбеди билет за ова натпреварување пред полни трибини.

Головите во триумфот ги постигнаа Роча Ливраменто, Семедо и Стопира.

Во истата група, Камерун ремизираше со Ангола и сега ги чека резултатите од другите натпревари, за да знае дали ќе се квалификува за Светското првенство како една од четирите најдобри второпласирани селекции.

Share

The post (Видео) Зеленортските острови прв пат во историјата ќе играат на СП appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK