април 27, 2026

Откако се разведе од Бастијан Швајнштајгер, Ана Ивановиќ не престанува со објавите на социјалните мрежи. Често објавува идилични фотографии од своите патувања, а понекогаш ја скокотка имагинацијата со своите атрактивни комбинации.

Во текот на летото имавме можност да ја видиме во секси бикини, но и во фустани што „мирисаат“ на топли денови. Сепак, сега таа одлучи да го затвори тоа поглавје и со објава на Инстаграм се збогува со летото.

Ана сподели серија фотографии од тенискиот терен, но овој пат и една фотографија во елегантен летен фустан.

„Прекрасни спомени под италијанското сонце. Ви благодарам за ова искуство“, напиша Ана во описот на објавата.

Фотографиите ја прикажуваат српската тенисерка во луксузната околина на Италија, но и со препознатлива насмевка што со години ги освојува срцата на публиката низ целиот свет.

Share

The post (Фото) Ана Ивановиќ му кажа збогум на летото, па објави секси фотографии на интернет appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK