април 27, 2026

Излегуваат на виделина нови докази дека кандидатот Сотир Лукровски извршил груба измама на јавноста и злоупотреба на националните чувства на македонските граѓани.

Според официјалните податоци од Facebook Page Transparency, неговата страница првично била креирана под името „Macedonia: Timeless Beauty, Endless Possibilities” – со што се претставувала како проект за национален идентитет, култура и патриотска промоција на Македонија.

Но, само неколку месеци подоцна – на 25 април 2025 година, истата страница го сменила името во „Sotir Lukrovski / Сотир Лукровски” и била претворена во лична политичка платформа.

Со овој потег, Лукровски ја изманипулирал јавноста и ја искористил љубовта кон татковината за да стекне следбеници и да гради политичка кариера на грбот на македонскиот патриотизам.

Станува збор за срамна злоупотреба на национални симболи и чувства, во која една страница создадена за љубов кон Македонија била претворена во политички инструмент за лична промоција и манипулација.

Граѓаните имаат право да знаат дека зад слоганот „Бесконечна убавина” стоела бескрајна измама.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK