април 27, 2026

На 15.10.2025 во 19:10 часот во СВР Скопје, 82-годишна жена од Скопје пријави дека била измамена од едно лице за сума од 4.000 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа со смртни последици и дека е потребно да плати за да не одговара кривично.

Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK