април 27, 2026

Коалицијата „Искуство за успех“ предводена од ЛДП вечерва од 18.00 часот во киното „Синеплекс“ во Сити Мол ќе го одржи завршниот митинг во кампањата за локалните избори.

Според најавата на митингот ќе зборува лидерката на ЛДП, носителот на скопската листа Ристо Пенов, како и градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Оваа коалиција во која покрај ЛДП и ГРОМ се уште и ПЦЕР и партијата Интегра има свои кандидати за градоначалници за Скопје, Тетово, Прилеп, Куманово, Карпош, Ѓорче Петров, Аеродром, Кисела Вода, Дебарца и Зелениково како и листи за советници во повеќе општини.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK