април 26, 2026

Поранешната тенисерка Ана Курникова покажа како изгледаат некои семејни моменти со нејзините деца во пресрет на Ноќта на вештерките.

Поранешната тенисерка Ана Курникова (44) и пејачот Енрике Иглесијас (50) уживаат во секој момент поминат со своите три деца. Двојката неодамна објави дека очекува четврто дете, и дека најмалите со нетрпение очекуваат засилување.

Ана не ја користи секоја можност да го покаже своето семејство на социјалните мрежи, иако тие привлекуваат внимание на секој чекор најмногу поради епитетот дека се најубавиот пар на светот.

Сепак, понекогаш дури и Ана ги крши правилата, па сега објави фотографија со своите деца, во костими за Ноќта на вештерките. Ана беше во костим на патка, додека децата носеа костуми од тиква.

„Најубавите деца на светот“, беше еден од коментарите.

Од првиот ден од нивната врска, папараците ги следеа внимателно. Ана и Енрике се запознаа во 2001 година на снимањето на неговиот музички спот за „Escape“, кога пејачот немаше поим дека неговиот живот ќе се промени.

Набрзо станаа неразделни, добија близнаци во 2017 година, а потоа и девојче три години подоцна.

Share

The post Бремената Ана Курникова сподели фотографија: „Најубавите деца на светот“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK