април 26, 2026

Шпанската фудбалска лига ја информираше јавноста дека се повлекува од „продажба“ на лигашкиот натпревар помеѓу Виљареал и Барселона на американскиот пазар.

Овој дуел требаше да се игра на 20 декември во Мајами, што предизвика бунт кај навивачите на шпанските клубови. Сепак, дури кога фудбалерите се придружија на протестите (стоејќи мирно првите 15 секунди од натпреварите), челниците на Ла Лига попуштија и ја откажаа „посетата“ во Флорида.

„Ла Лига информира дека, по разговорите со промотерот на натпреварот во Мајами, тој донесе одлука да го откаже настанот поради неизвесноста што владееше во Шпанија во последните недели“, се вели во соопштението.

Лигата изрази жалење што не може да ја искористи „оваа историска можност“ за да организира прв натпревар од шпанското првенство во странство. Обидите на Ла Лига да одржи натпревар во САД датираат од 2018 година, кога Барселона и Џирона требаше да играат натпревар исто така во Мајами, но и тој проект беше блокиран.

Share

The post Виљареал и Барселона сепак нема да играат во САД appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK