април 26, 2026

Бившиот сопруг на Бритни Спирс, Кевин Федерлајн, во своите мемоари You Thought You Knew откри дека телефонски повик од пејачката, Парис Хилтон и Линдзи Лохан бил пресуден за крајот на нивниот брак.

„Бeше три или четири часот наутро, пијани ме молеа да дојдам, а во позадина ги слушнав синовите како плачат. Тоа беше крај,“ напиша Федерлајн.

Во книгата наведува и други тешки обвинувања, дека Спирс го удрила, консумирала дрога и ги запоставувала децата.

Тимот на Бритни Спирс реагираше дека „некои повторно профитираат на нејзина сметка“ откако престанала алиментацијата, а пејачката на социјалните мрежи напиша дека „манипулациите од поранешниот сопруг се болни и исцрпувачки“.

Федерлајн и Спирс беа во брак од 2004 до 2006 година и имаат два сина, Шон Престон и Џејден.

Share

The post Кевин Федерлајн: Повикот со Бритни, Парис и Линдзи беше крајот на нашиот брак appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK