април 26, 2026

Пејачката Рита Ора блесна на забавата по гала вечерата на Academy Museum одржана во Лос Анџелес, а овој пат го направи тоа на свој начин.

Иако не и е непознато разголувањето, нешто слично направи неколку дена претходно кога ги почасти своите обожаватели со топлес фотографија, а овој пат ги шокираше уште повеќе.

Рита се појави во целосно проѕирен бел фустан, под кој едвај ѝ се гледаше долната облека. Својот моден аутфит, кој наликуваше на завеса, го комплетираше со зелен шал и бели сандали, додека нејзиниот сопруг беше во елегантен костум и цело време ѝ правеше друштво на пејачката.

Сексапилната пејачка неодамна покажа серија заводливи модни аутфити на Неделата на модата во Париз, каде што од првите редови гледаше неколку ревии.

Сите се согласни дека провокативните аутфити ѝ стојат подобро од сè друго, и се чини дека никогаш нема да се откаже од тоа.

фото: принтскрин

Share

The post (Фото) Рита Ора секој ден покажува дека за неа нема граници кога станува збор за провокација appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK