април 26, 2026

Полицијата утрово спроведува силна акција против голема мрежа на перење пари и лихварство.

Според неофицијални информации, МВР, преку Одделот за организираниран криминал при БЈБ и во тесна соработка со јавен обвинител од Обвинителството за гонење на организиран криминал утрово во обемна акција низ Скопје, се прават претреси на повеќе од 15 тина локации.

Откриена е и во тек е сузбивање на силна криминална мрежа – група на лица и фирми кои переле пари и се занимавале со лихварство и останати незаконски активности.

Според неофицијалните податоци се работи за околу 2 милиони евра, црни пари, кои биле внесувани во легалните финансиски текови и се купувало недвижен и подвижен имот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK