април 26, 2026

Лишени од слобода се двајца тетовци кај кои биле пронајдени марихуана и пиштол.

Како што информираат од МВР, вчера (21.10.2025) во 15:40 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.В.(23) од Тетово, затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана.

Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом во Тетово, каде бил присутен неговиот татко Б.В.(46), при што се пронајдени пиштол и две рамки сo шест и седум куршуми, без документација.

И Б.В. е лишен од слобода и по документирање на настаните, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од МВР.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK