април 25, 2026

Резултатите од првиот круг јасно покажаа дека во Општина Аеродром постои силно опозициско расположение. Граѓаните испратија порака дека сакаат промени, дека се уморни од застојот, ароганцијата и самоволието на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Сега е моментот тоа незадоволство да го претвориме во одлучна волја за промена. Ги повикувам сите граѓани, без разлика на партиска припадност, да се обединиме и масовно да излеземе на гласање на 2 ноември.

Да го покажеме нашето единство, нашата решеност и нашата верба во подобра иднина. Аеродром заслужува општина која ќе се развива транспарентно, со вистински проекти, со грижа за секој жител.

Поддржете ги промените кои веќе се видливи преку резултатите од првиот круг. Да направиме решителен чекор напред, за нов, современ и отворен Аеродром!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK