април 25, 2026

Кандидатот на коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Бајовски, е новиот градоначалник на општина Чучер Сандево.

Според резултатите од вториот круг на локалните избори, Бајовски освои 2.713 гласа, односно 52,86%, и ја победи досегашната локална власт.

Неговиот противкандидат Сашко Комненовиќ од коалицијата предводена од СДСМ доби 2.250 гласа, што претставува 43,84% од излезените избирачи.

Победата во Чучер Сандево претставува уште еден значаен успех за ВМРО-ДПМНЕ во скопскиот регион, каде што партијата бележи раст на поддршката во повеќе општини.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK