април 25, 2026

Познатата манекенка Наоми Кемпбел се појави во Лондон на посебна забава за Ноќта на вештерките. Популарната „црна пантерка“ како што е инаку наречена, ги воодушеви сите со својот аутфит.

Не е тајна дека Наоми е сè уште непобедлива, а тоа често го покажува на секој настан на кој се појавува. Овој пат, таа не сакаше да работи на костим за да биде непрепознатлива, но дефинитивно сакаше да биде впечатлива.

Црно-бел моден аутфит во комбинација со штикли од ист дезен и луксузно кратко крзнено палто беше доволно за да доминира во Лондон.

Долгите нозе на познатата манекенка повторно беа во преден план, а за промена, имаше и насмевка.

Многумина често коментираат дека Наоми Кемпбел е ледена кралица, таа ретко се насмевнува на некого и се смета за строга и не толку пријатна личност. Се чини дека сега решила да работи на тој имиџ, па затоа се смееше на фотографиите.

фото: принтскрин

Share

The post (Фото) Сите гледаат во долгите нозе на познатата манекенка: кралицата на модната писта воодушеви со изгледот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK