април 25, 2026

На тренерот на Раднички од Крагуевац, Младен Жижовиќ, му се слоши во текот на натпреварот против Младост во Лучани, а малку подоцна беше објавено дека починал во болница.

Жижовиќ се струполи крај теренот, додека го водеше својот тим, во средишницата на првото полувреме. Судијата веднаш го прекина натпреварот, играчите во паника повикаа помош, лекарите реагираа, беше ставен на носилка и однесен во болница, додека гледачите аплаудираа во знак на поддршка на 44-годишниот стручњак.

Сепак, по околу 15 минути пристигна информација дека Жижовиќ починал во болница.

Натпреварот помеѓу Младост и Раднички од Крагуевац беше веднаш прекинат – во 41-та минута, преи резултат 0:2.

За потсетување Жижовиќ го замени Александар Луковиќ на клупата на тимот од Крагуевац пред десет дена.

Share

The post Тренерот на Раднички Крагуевац почина во текот на натпреварот во Лучани appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK