април 25, 2026

Требаше тренерот на Џенова Патрик Виера да добие отказ за тимот да го забележи првиот триумф оваа сезона.

Џенова, под водство на новиот тренер Доменико Кришито, на гостински терен го победи Сасуоло со 2:1.

Џенова по овој триумф избегаа од дното на табелата, сега со шест бода сега се на 18-то место, додека Сасуоло е 11-ти со 13 бода.

Џенова поведе во 18-тата минута со брилијантниот гол на Украинецот Руслан Малиновски.

Гостите на полувремето заминаа со минимална предност, но Сасуоло израмни преку искусниот напаѓач Доменико Берарди по само две минути игра во вториот дел.

Вредна победа и донесе на Џенова норвешкиот дефанзивец Лео Остигорд, со голот во 93-та минута.

Share

The post (Видео) Остигорд во 93-та минута и донесе триумф на Џенова appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK