април 24, 2026

Огромен удар за Интер Мајами пред решавачкиот трет натпревар од плејофот на МЛС против Нешвил. Нивниот клучен напаѓач, Луис Суарез, е суспендиран за натпреварот во сабота, каде што е во прашање целата сезона.

Уругвајската ѕвезда доби суспензија, бидејќи удрил противнички играч без топка во вториот меч од серијата. Жалбата на клубот од Мајами на суспензијата од еден натпревар беше одбиена.

Суспензијата беше поради инцидент во 71-та минута во поразот на Интер Мајами со 2:1 во реваншот од плејофот.

Суарез го удири играчот на Нешвил, Енди Нахар, во момент кога топката беше далеку од нив.

Иако судијата на теренот не досуди фаул, Дисциплинската комисија на МЛС последователно ја прегледа снимката и му изрече на Суарез суспензија од еден натпревар.

Share

The post (Видео) Луис Суарез суспендиран за клучниот натпревар на Интер во плејофот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK